Синиша Михајловиќ нема по добро да го памети куп натпреварот против Јувентус во четвртфиналето, не само поради расправијата и исклучувањето кое го заработи, туку и поради тоа што му се случи веднаш по елиминацијата на „биковите“ од ова натпреварување.
Газдата на Торино, Урбано Каиро донесе исклучително брза одлука по крајот на мечот и му врачи отказ на срспкиот стручњак, а со самото тоа го обврза Миха на доста неславен начин да се прости од тимот кој одлично го водеше минатата сезона. Михајловиќ вели дека е многу повеќе разочаран е од отказот кој воопшто не го очекувал.
– За мене тоа беше како да ме удри гром од ведро небо. Многу повеќе сум разочаран од таквиот однос отколу што имам лутина во себе, истакнал кратко за „Ла Стампа“ досегашниот тренер на Торино кој експресно беше заменет на клупата од Валтер Мацари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.