| четврток, 6 декември 2018 |

Што се случува во Милан, Берлускони го барал Михајловиќ да се врати?!

sinisa mihajlovic

Хаосот во редовите на Милан кулминираше по неочекуваниот пораз од Верона, кој покажа дека Кристијан Броки не поседува капацитет за да седи на клупата на „росонерите“. За тоа сега свесен е и газдата Силвио Берлускони, кој во целото лудило добил оригинална идеја, да го врати на клупата поранешниот стратег Синиша Михајловиќ, кому му врачи отказ пред помалку од еден месец.

– Челниците на клубот, Силвио Берлускони и Адријано Галијани, двајцата го бараа Синиша Михајловиќ да се врати на клупата, но тој ги одби – открива весникот „Газета дело спорт“.

Српскиот стручњак не сакал ни да чуе за вакво нешто и веќе ги разгледува понудите што ги добива за следната натпреварувачка сезона. Од друга страна, самиот повик од Берлускони е јасен знак дека газдата на клубот нема решение за огромната криза во која се наоѓа Милан во последните неколку години.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top