| четврток, 6 декември 2018 |

Вашингтон гo предупреди Косово: Да не се укинува Специјалниот суд

Официјален Вашингтон ги предупреди косовските власти дека ќе биде покренат планот Б за формирање на специјален суд под закрила на Обединетите нации ако косовското Собрание ја усвои иницијативата за укинување на законот за овој суд, пренесува приштинскиот дневник „Коха диторе“.

Весникот пишува дека американскиот амбасадор, Стивен Бенкс, вчера му ја пренел ваквата порака на премиерот Рамуш Харадинај.

Бенкс рекол дека Вашингтон нема да се противи на иницијативата на Москва во Советот за безбедност да се формира специјален суд за злосторствата на Косово. Амбасадорот му рекол на Харадинај дека руската иницијатива ќе биде заснована на Резолуцијата 1244 и дека УНМИК (привремена цивилна управа на Косово под раководство на ОН) ќе биде врховна извршна власт на Косово.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top