| четврток, 6 декември 2018 |

Веднаш најдоа замена за Михајловиќ: Екс тренерот од Премиерлигата ќе го води Торино

Фудбалскиот клуб Торино објави дека по отказот на Синиша Михајловиќ, на тренерското место го носи Валтер Мацари, кој го презема клубот неколку часа по заминувањето на српскиот стратег. Тоа сигурно укажува дека поразот во Купот на Италија од Јувентус вчера, ја прелил чашата во управата на Торино, но имале и договорено соработка со Мацари уште пред Михајловиќ да добие отказ.

– Фудбалскиот клуб Торино објавува дека улогата тренер ја превзема Валтер Мацари. Му посакуваме добредојде, стои во официјалното соопштение на клубот.

Последен клуб кој Мацари го водеше беше англискиот премиерлигаш Ватфорд, а претходно ги водеше уште и Интер, Сампдорија и Наполи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top