Германски „Билд“ јавува дека Бибијана Штајнхаус веројатно ќе биде првата жена судија во Лигата на шампионите од сезоната 2019-2020. Таа веќе суди натпревари во првата германска лига од оваа сезона, а според правилата на УЕФА, судиите и судијките можат да судат и во меѓународни натпреварувања, само ако во последните две години суделе во највисоката национална лига.
На тој начин, таа може да стане првата жена која успеала во такво нешто. Во Лигата на шампионите досега имаше само една жена судијка од Грција, но таа беше само линиски судија, додека Штајнхнаус би била првиот женски главен судија.
Штајхнаус не сакала да дава никаков коментар на овие шпекулации, кратко порачувајќи: „Не смеам и не можам тоа да го коментирам“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.