
Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Прилеп апелира и му порачува на градоначалникот Илија Јованоски од СДСМ и до неговиот партиски лидер и премиер Зоран Заев, веднаш да прекинат со политичкиот притисок и реваншизам. Како што истакнуваат од партијата, со доаѓањето на Новата година, т.е. од првиот ден во неа, без работа во Прилеп останаа околу 270 луѓе, претходно вработени во училиштата, јавните претпријатија, градинки, болници итн.
– Денес ќе се задржиме само на политичките притисоци, закани и реваншизам кои Јованоски и Заев ги прават во образованието. На ниво на општина во моментов има околу 120 вработени во образование на кои им се прекинати договорите за работа. 20 од нив се со исполнети услови за трансформација. Сите кои тужат заради тоа што ново назначените директори не постапуваат по закон, од истите тие директори имаат добиено изјави дека нивните работни места не се од траен карактер. И замислете, тоа го прават со изјава за моралана и кривиична одговорност. Тврдат дека местата не се од траен карактер, при што сите директори треба да одговаараат кривично за давање на лажни изјави. Постои голема дискриминација при полагањето на тестот за познавање на мајчиниот јазик, бидејќи сите директори ги имаат тестовите и тие тестови се даваат на кандидатите со политичко „CV“ од СДС. А нормално, тестот не смее да се дава, ако веќе им се дава, нека им се даде на сите, велат од партјата.
– Својствено за сдс – политичка дискриминација. До сега во еден месец раководење на училиштата од страна на директорите повеќе пати се има направено прекршување на законот. Интервентните договори на вработените се потпишани уште за еден месец со што се крши законот бидејки само еднаш во образование треба да се потпише интервентен договор во траење од еден месец. Овде, сакаме да реагираме и за 19-те вработени во градинките во Прилеп кои останаа на улица, особено имајќи ја во предвид изјавата од вчера на министерката за труд и социјална политика Мила Царовска која кажува дека во петокот ги потпишала согласностите за продолжување на договорите, па и самата таа се прашува зошто договорите не им се продолжени? Дали некој локален моќник во Прилеп тргнал против нејзината одлука? Дали е тоа градоначалникот Јованоски, новата директорка на градинките или раководството на СДС? Ги повикуваме сите надлежни органи меѓу кои просветниот, трудовиот инспекторат да ги проверат овие наши укажувања и да превземат соодветни мерки. Искрено жалиме што нашите укажувања за време на кампањата дека се работи само за лаги и изборни манипулации на СДС се покажаа веднаш по нивното доаѓање на власт за вистинити, порачуваат од ВМРО – ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Протестен марш на ВМРО ДПМНЕ во 17 часот (во живо)
-
Отворено и транспарентно: ВМРО-ДПМНЕ со Јавен повик за кандидирање на членови на Комисии
-
Стоилковски: Заев и Спасовски да одговорат колку Иван Савидис е економски присутен во Македонија и дали има поврзаност со Владата
-
Што говореше за Уставот пред да се предомисли предавничката Александрова и да ги гласа измените? (видео)


