На Јутјуб се објавени две видеа од прославата на Нова година во Лерин, Егејска Македонија (Грција) каде што над 2. 000 Македонци со македонски песни и ора ја прославија „најлудата ноќ во годината“.
И додека во Грција нашинците после децении на притисоци, забрани, затварања и убиства за користење на македонскиот јазик и песна, полека се ослободуваат и слават Нова година со македонски песни и ора, тука, во оваа Македонија, во скоро секоја кафана, секој втор се весели на српски песни, 80 проценти од музиката е српска, а во последно време неретко се порачува и по некој бугарски хит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.