Ана Николиќ новата година ја започна работно, настапувајќи во два клуба, а во првото овагодишно интервју откри какви и се плановите за иднина и како напредува процесот на слабеење.
-Ослабев повеќе од 20 килограми и не планирам тука да застанам, тренирам, се хранам здраво – откри Ана, а со оваа фотографија покажа дека во таа намера е сериозна.
Во црн фустан, кој повеќе открива отколку што покрива, мрежести чорапи и чизми над колена, Ана позира пред новогодиншната елка и ја покажа значително послабата фигура.
Кога ќе се направи споредба со фотографиите по породување, промената навистина е драстична.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.