| четврток, 6 декември 2018 |

Ако патувате преку Плетвар не пијте од чешмата: Водата од оваа чешма и од целото Плетвар не е здравствено исправна

Врз основа на направеното тестирање на водата за пиење од мерното место Плетвар крајпатната чешма кај ресторанот „Че“, Центарот за јавно здравје на Прилеп ги информира граѓаните дека водата од оваа чешма не е здравствено исправна и не смее да се користи за пиење.

Неисправна за пиење е и водата од јавната чешма во село Плетвар.

Медицинските стручњаци препорачуваат водата да не се користи за пиење, без претходно вриење од 10 минути, соопшти општина Прилеп.

 

извор: 10bez10.com

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top