| четврток, 6 декември 2018 |

Водата во Струга забранета за пиење – градот нема залихи од хлор

Поради зголемена матност, зголемени вредности на боја и отсуство на резидуален хлор е забранета за пиење водата од градскиот водовод во Струга.

Според резултатите добиено од физичко-хемиската анализа на водата е донесена забраната, а според надлежните дополнителното хлорирање нема да ја промени ваквата состобја на водата, туку треба чистење на мрежата и испуштање вода од хидрантите.

Анализите ќе продолжат и во наредните денови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top