Болница во Квисленд беше жртва на моќна електрична бура во вторникот, кога наелетризирани топки паѓаа на зградите во кои се сместени брзата помош и палијативната нега.
Вчера и завчера многу австралиски градови беа погодени од силно невреме проследено си грмотевици, а фотографиите објавени на социјалните мрежи покажуваат како се движат облаците преку градот Варвик на југоистокот, каде што громовите предизвикале оштетување на покривот на болница.
Мок Локли и неговиот брат Крис Мекферан успеале да го фатат громот кој удира во болница која била погодена од гром и во 2012 година.
За среќа ниту еден пациент не е повреден, но сите биле многу исплашени.
Локли вели дека видел што фатил на камерата кога забавено ја премотал снимката.
– Штом видовме дека почнува бура, побаравме високо место за да можеме да го фотографираме градот, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)