| четврток, 6 декември 2018 |

Претепани татко и син од Тетово

Час и половина по полноќ на 1 јануари во угостителски објект на ул. „Ј. Сандански“ во Тетово, браќата С.С. и Ѓ.С., како и уште едно лице од Тетово, извршиле „насилство“ врз 42-годишниот Л.Т. и неговиот син Б.Т. од Тетово.

Тие ги удирале со тупаници и клоци по главата и телото, а искршиле чаши и шишиња од неколку маси. Откако забележале дека сопственикот на објектот побарал полициска интервенција, сторителите побегнале во непознат правец. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top