| четврток, 6 декември 2018 |

Во Иран продолжуваат немирите, расте бројот на загинати

Нови девет загинати во насилните демонстрации против властите во Иран. Претходно животот го загубија 12 цивили и еден полицаец. Се стравува дека бројот на загинати може уште да расте, а во текот на ноќта уапсени се над 100 луѓе.

Како што пренесува иранската државна телевизија, во градот Хомеинишахр биле убиено 11-годишно и 20-годишно момче, како и припадник на иранската паравоена Револуционерна гарда, кој бил убиен во градот Наџафабад. Според информациите, тројцата се убиени со ловечки пушки.

ЕУ вчера првпат се огласи од почетокот на демонстрациите во Иран нагласувајќи дека се надева оти во Иран ќе постои право на протест, а од САД преку претседателот Доналд Трамп стигна поддршка на народот во Иран.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top