| четврток, 6 декември 2018 |

На нејзината маса се коцкале Ди Каприо и Бен Афлек: Mоли е кралицата на покерот (видео)

Моли Блум беше голема перспектива во скијањето и само повредата ја спречи да настапува на Олимписките игри.Разочарана од неуспехот во светот на спортот, благодарение на нејзината убавина влегува во светот на шоу бизнисот и гламурот.

Почнува да организира илегални покер забави иако за тоа не знаела буквално ништо.Нејзини клиенти набрзо стануваат и Леонардо Ди Каприо и Бен Афлек кои се познати по овој „спорт“.Моли брзо ги научува нивните навики и што сакаат да јадат и пијат додека се картаат.

Но, оваа нејзина нелегална активност брзо стигнува до федералните органи.ФБИ ја апси и таа набрзо е осудена на минимална казна но при тоа останува без сите заработени пари бидејќи се вплеткува и со руската мафија.

Разочарана се враќа во станот на мајка и почнува да пишува книги за да поврати барем дел од заработените милиони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top