Во Америка, на Флорида се одвива еден невообичаен настан. Се работи за лов на питони на територијата на Флорида. Настанот ќе трае од 12 јануари до 10 февруари и може да се пријават сите полнолетни лица.
За убиен питон можете да освоите награда од 1500 американски долари, а учеството чини само 25 долари. За да можете да почнете да ловите питони морате да поминете on-line обука која што ќе ве научи за само половина час како се ловат питони.
Според одговорните организатори, оваа акција се прави за да се создаде свесност кај локалното население за инвазијата од овој вид на питони.
За настанот има и специјално изготвена веб страна на која што ќе можат да се пријават заинтересираните лица, но за жал веќе се пополнети сите места.
На овој настан се противат многу здруженија за заштита на животни и тие аргументираат дека за убиство на мачка или куче се лежи во затвор, а за убивање на овој егзотичен тип нема казна.
Наместо да ги советуваат ловците да ги ловат питоните со пиштоли за успивање, од организацијата ги советуваат да им ја исечат главата или да ги застрелаат. Искуство во ловењето питони не е услов за учество и тренингот се прави само преку гледање на слајдови на компјутер, за кои змии да бидат убиени, а кои не.
Сретнати се и случаи каде што ловците никогаш немаат видено питон во животот, а уште помалку ловено. Еден од избраните апликанти во интервју изјавил дека неговата техника која што ќе ја користи е да ја фати змијата за опшката, да ја врти о круг и да ја тресне од земја.
Иако од организацијата пробувале да ги поттикат апликантите да ловат живи змии, тоа не се случило се уште и сите змии се донесени мртви.
До сега во акцијата се убиени 27 питони.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.





