| четврток, 6 декември 2018 |

Никако не го подарувајте ова за Нова година

Изборот на подароци за Нова година знае да биде навистина тешка задача. Подарокот зборува за оној кој го добива, но и за оној кој го купува. Затоа, за да го задржи личниот белег, изборот ви го препуштаме вам, а наше е да би олесниме – овие предмети не ги погледнувајте.

Остри предмети – не дарувајте ножеви, ножици, отворачи за писма, отворачи за чаши, зашто птретставуваат сечење на односот.

Празни паричници и торби – ако подарувате паричник или торба, ставете малку пари во нив, парите симболизираат благосостојба на оној кој го прима подарокот.

Билки и цвеќе со трње – кактусите и други растенија со трње не се добри подароци, а избегнувајте и рози, зашто означуваат нарушување на односот. Ако добиете роза со трње од партнерот, извадете ги трњето за да си овозможите врска без проблеми.

Бонсаи и слични минијатурни билки – одлучете се за бјни и здрави билки со заоблени листови кои симболизираат просперитет и здрав живот.

Часовници и антиквитети – предметите кои покажуваат време или го симболизираат неговиот тек се лош подарок зашто го претставуваат односот со ограничен век на траење

Шамичиња – не подарувајте шамичиња, зашто означуваат бришење солзи и повикуваат на плач или болест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top