Охридската полиција денеска подаруваше новогодишни лампиони и мирисливи стикери со превентивни сообраќајни пораки на сите туристи кои пристигнаа во градот.
Целта на оваа кампањае да се предупредат граѓаните да возат внимателно, да не конзумираат алкохол и да не навлегуваат во конфликти во текот на Новогодишните празници.
-Ова е една превентивна кампања која што еве традиционално повеќе години ја реализираме. Оваа година кон оваа активност се вклучи и општинскиот Совет за безбедност во сообраќајот кој што на сите охриѓани и туриси ќе им додели миризливи стикери со пораки за безбедно управување со патничките автомобили, изјави Стефан Димоски портпарол на СВР Охрид.
извор:прес 24
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје
-
Убиецот од Мала Речица вечерва приведен во селото Гајре