| четврток, 6 декември 2018 |

Реклама поради која многумина ќе посакаат да се откажат од цигари (видео)

Секој пушач знае колку е тешко да се остават цигарите, но можеби во тој подвиг ќе ги охрабри новата реклама објавена од страна на Институтот за јавно здравје на Англија (PHE), која е дел од поширока кампања против пушењето.

Видеото покажува дека разните отрови од цигарата влегуваат во крвта и се шират низ телото, оштетувајќи ги виталните органи.

„Луѓето знаат дека пушењето ги оштетува белите дробови, но малкумина се свесни за фактот дека отровот доаѓа и до другите органи. Нашата нова телевизиска реклама покажува дека секоја цигара праќа токсични хемикалии во крвотокот за само неколку секунди. На тој начин се обидуваме да ги охрабриме сите пушачи во новата година да донесат одлука за откажување од пушењето“, вели Џон Њутон од Институтот за јавно здравје на Англија.

Пушејќи ја секоја цигара во телото внесуваме повеќе од четири илјади различни хемикалии, од кои дури 70 се докажани предизвикувачи рак, нагласува тој.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top