| четврток, 6 декември 2018 |

Го нашле во локва крв – маж си ги пресече вените на местото каде ја најдоа мртвата Јелена

Милан Р.(37) се обидел да изврши самоубиство денеска попладне во близина на местото каде е пронајдено телото на убиената пејачка Јелена Марјановиќ.

Граѓаните ја повикале полицијата кога виделе како човек си ги сече вените со жилет, а набрзо дошла и Брзата помош која човекот со повреди на двете раце го превезла во Ургентниот центар.

Тој се наоѓал на неколку стотина метри од рампата од каде пејачката тргнала да трча, но од другата страна на наспиот, онаа која е поблиску до мочуриштето и Дунав. Како што се дознава човекот многу искраварил и седел во локва крв кога дошла Брзата помош.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top