| четврток, 6 декември 2018 |

Е сега е доста, ќе ми платите за се: Балашевиќ го прекина концертот во Загреб!

Ѓорѓе Балашевиќ на 26. декември одржа спектакуларен концерт во Загреб, а денес главна тема во медиумите е несекојдневниот момент за време на изведувањето на познатата „Некои нови клинци“.

Со оглед на тоа дека стихот на песната гласи: „Тогаш добив неколку мандарини и мало бело зајче“, тој постојано на неговите концерти од фановите добива плишани зајчиња, па овој пат реши да ги смени улогите.

– Е, сега е доста! 20 години ми фрлате зајчиња, сега ќе ми платите за се – рекол Балашевиќ и во тој момент на бината се појавиле музичарите од неговиот бенд полни со корпи со бели зајчиња кои почнале да ги фрлаат во публиката.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top