| четврток, 6 декември 2018 |

Гвардиола: Сити фаворит за титулата во Лигата на шампионите, не знаев дека Меси игра за нас

Манчестер Сити со минималната победа од 0-1 на „Ст. Џејмс Парк“ синоќа стигна до бројката од 18 последователни победи во Премиер лигата, учинок кој натера дел од англиските новинари практично да го прогласат тимот на Пеп Гвардиола за нов шампион уште сега. Освен тоа, тие го посочија тимот од „Итихад“ како еден од главните кандидати за трофејот во Лигата на шампионите.

Пеп на овие наводи даде интересен одговор, возвишувајќи го името на Лионел Меси за кого во безброј наврати има порачано дека е најдобар играч на светот.

– Сити фаворит за титулата во Лигата на шампионите? За кој тим игра Меси? Не знаев дека е кај нас. Фаворит е тимот за кој игра Меси, истакнал Гвардиола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top