По час и полвина разговор со премиерот Зоран Заев, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, ја напушти Владата. По средбата Мицкоски изјави дека иницијативата за средбата била на премиерот.
Тој рече дека разговарале за многу образовни, економски и здравствени теми. На новинарско прашање дали тема на разговор биле и притворените пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски повтори дека разговарале за актуелни теми.
-Отворивме прашања на неколку актуелни теми што се случуваат во државата. Нормално, за неколку од темите имавме различни мислења и различни аргументи. Ги аргументиравме своите позиции и јас и господинот Заев. Во овој момент е добро да се отвори еден ваков процес, добро е да се дискутира. Она што е во интерес на граѓаните и Република Македонија не треба да претставува табу-тема ниту за опозицијата, но повторно ќе кажам тоа го напоменав во многу наврати, дека конструктивноста не е само во едната насока, конструктивноста мора да биде двонасочна улица. Во тој дух ќе продолжиме и во периодот кој што следува, јас тука немам никаква дилема. Се разбира, ние сме претседатели на различни политички опции, на различни политики, логично е да имаме различни ставови по многу прашања, истакна Мицкоски.
Во однос на враќањето на пратениците на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, Мицкоски рече дека веднаш по средбата со Заев ќе присуствува на средба со пратеничката група по која што ќе се знае какви ќе бидат натамошните чекори и на каков начин ќе делуваат пратениците во Собранието.
„Јас сум оптимист, а некои ме сметаат дури за утопист“, рече Мицкоски и додаде дека утре од партијата ќе испратат соопштение во врска со состанокот со пратеничката група.
Мицкоски рече дека дијалогот помеѓу власта и опозицијата никогаш не бил закочен. Вакви, како што рече, конструктивни средби очекува и во иднина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)