| четврток, 6 декември 2018 |

Застрашувачка закана за човештвото: Тајно копале тунели за напад на Москва, откриена опасна нуклеарна база (видео)

Тајна, напуштена нуклеарна база на Гренланд, која САД ја користеле во текот на Студената војна, се појави после топењето поради глобалното загревање.

Доколку мразот продолжи да се топи со оваа брзина, токсичниот отпад би можел да заврши во морето. Базата „Камп Сенчури“ со првиот мобилен нуклеарен генератор е отворена во 1959 година.


Во базата работеле 200 припадници на американската војска. Самата база имала три километри подземни тунели кои биле ископани длабоко во мраз. Оваа база била од посебно значење за Америка во 1967 година во време на Студената војна.

Дури ни владата на Данска, на чија тогашна територија се наоѓала базата не знаела што е нејзината вистинска цел. Во кампот е развиен таен проект „Леден црв“ со кој Америка би можела низ ледените тунели да истрелува нуклеарни ракети на СССР.

Научен тим на американската база имал план со тунелите од „Сенчури“ да овозможи истрелување на 600 ракети кои би можеле да погодат цели во Москва.

Меѓутоа, поради топењето на ледот, морале да ја затворат базата, но останале 9 200 тони хемиски отпад под мразот. Постои опасност два огромни количини опасен отпад, кој предизвикува канцер кај луѓето да заврши во водата околу базата, а потоа да се рашири со струјата и понатаму.

Отпадот е закопан под леден ѕид од 35 метри, но научниците сметаат дека поради глобалното загревање, целиот ѕид би можел да исчезне во наредните 75 години.

Доналд Трамп е еден од поборниците на идејата дека глобалното загревање е мит. Токму поради тоа одлучи Америка да ја повлече од Парискиот договор за климатски промени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top