| четврток, 6 декември 2018 |

Милевски: Врвот го достигнавме со настапот на ЕП, но не застануваме тука

Македонија е горда на фудбалските успеси на националните селекции оваа година, а еден од најзаслужните за тоа е селекторот на репрезентацијата до 21 година, Благоја Милевски.

Под негова палка, нашите фудбалски надежи за првпат во историјата беа дела од еден голем репрезентативен собир, откако ова лето ја претставуваа Македонија на Европското првенство во Полска.

– Промените во македонскиот фудбал започнаа пред Европското првенство, вклучувајќи ги најуспешните квалификации кои ги одиграа фудбалерите до 21 година, оттука веројатно започна нашиот подем. Но, јас би ја потенцирал работата во Академијата на ФФМ, која дава резултати и во идната треба да претставува наша движечка фудбалска сила. Македонија играше на Европско првенство, А репрезентацијата оствари одлични резултати, младите селекции се пласираа во Елитната рунда на УЕФА…мислам дека оваа година е најуспешна досега. Јас самиот си наметнувам правила и цели, а тоа значи секогаш да се стремиме кон најдоброто.

– Со репрезентацијата до 21 година врвот го достигнавме со настапот на Европското првенство во Полска, но тоа не значи дека застануваме на тоа. Условите кои ни ги овозможува Фудбалската федерација се на највисоко можно ниво и секогаш потенцирам дека се на ниво на А репрезентацијата. Господ да ни даде здравје, среќа и благодет на сите, ви посакувам среќна Нова година, истакна Милевски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top