| четврток, 6 декември 2018 |

Обвинителката која го гони Дурловски: Јас можам и мечка да гонам (видео)

Дваесет дена Игор Дурловски чека обвинителството кое постапува во истражната да го повика при распит на сведоци пред обвинителството. Со поднесок од 07.12.2017 година бранителот на осомничениот за тероризам, Дурловски, побара од обвинителството кое постапува во истражната постапка да биде повикан при распит на сведоци пред обвинителството. До овој момент, бранителот ниту еднаш не бил известен за преземање на дејствие на распит на сведоци во постапката, што јасно укажува дека сведоците од влијание за постапката се веќе распрашани за што постои навод дека е извршен распит на 28 лица во својство на сведоци.

Сите материјални докази кои би можеле да се однесуваат на осомничениот Дурловски, веќе се прибавени во обвинителството.

Според бранителот, Игор Дурловски е со определба работите да се расчитат во судската постапка, и нема намера да ја попречува истрагата ниту пак да се даде во бегство доколку се брани од слобода.

Се поставува прашањето зошто обвинителството повторно ја бара најстрогата мерка ПРИТВОР кога неспорни се околностите кои произлегуваат од самиот Предлог за определување на мерката притвор. Под знак прашање се става објективноста на обвинителите Вилма Рускоска и Гордана Смаќоска, која пред десеттина дена е унапредена во Раководител на одделението за организиран криминал.

Во една прилика обвинителката Рускоска изјави дека таа може и мечка да гони, останува да се види што судот ќе каже на тоа. Ако судот го прифати обвинението против мечката, тогаш треба да се бара одговорност од судот, не од обвинителството.

Ова е изјавата дадена за време гостувањето во ТОП ТЕМА на ТВ Телма на 07.06.2017 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top