| четврток, 6 декември 2018 |

„Џифони Македонија Патува“ викендов беше во Тетово

На 22 и 23 декември во Тетово се одржа „Џифони Македонија Патува“ како патувачки дел од фестивалот во помалите градови од Македонија.

Настанот се одржа во средното училиште С.С.О.У. „Моша Пијаде“ – Тетово каде учениците од средните училишта во Тетово гледаа играни филмови и учествуваа во креативни работилници. Во текот на два дена преку богата програма и активности тимот на Џифони Македонија фестивалот се стреми неформално да влијае врз едукацијата на младите во областа на филмот и културата и да ги потенцира естетските вредности на филмот, а преку дискусии на темите од филмовите ќе се поттикнат да ги развуваат способностите за дебатирање. Преку работилниците учениците ќе имаат можност да ја развиваат својата креативност, а секако во текот на двата дена најважната работа за нив е да се дружат меѓу себе и добро да се забавуваат.

Со цел приближување на брендот „Џифони’’ кон младите во Тетово, беа прикажани и кратки видеа од последните изданија на фестивалите „Giffoni Experience“ од Италија и Филмскиот фестивал за млади „Џифони Македонија“.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top