По претседателот на кошаркарската федерација, Петар Наумовски, Перо Антиќ удри и по генералниот секретар на МКФ, Моника Гавриловска.
– Бени Хил шоу. Секој збор и тврдење може да се побие со ФАКТИ!!! Како сте го порамниле долгот (во свое време ќе биде кажано, иако е јавна тајна). Како приоритет се младите, ете летале со авион. Како дојдовте до фотелјите (на прљав начин) јавна тајна.
– Се работело со приватни сметки кога си играла и ти и се ти било супер, не ти сметаше тогаш!! Функциониравте со спонзори, кои под притисок од знаеме кој, мораа да дадат средства! итн! Спортскиот инат збориш? Вашиот инает и желба за удобна фотелја ја донесе кошарката кај што е сега, ДНО! Почитта кон тебе секогаш била тука и никогаш не сум очекувал дека ти која знае што е тимска хемија, тимски дух ќе се определиш за столче до топоганот што се што фатил тимско во Македонија сј…л!!!
– И продолжуваш да браниш духови, нека ти е чест на тебе!!! Позз Небитниот“, напиша Антиќ на својот фејсбук профил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.