| четврток, 6 декември 2018 |

Џони Деп: Јас сум скоро слеп

johnny Depp - Amber Heard

Американскиот актер Џони Деп, ѕвездата на филмовите „Пиратите од Карибите“ ја шокираше јавноста со информацијата дека од раѓањето е слеп на едното око. Тој пред два дена имаше лош пад од коњ, но усепа да поминењ само со гребаници, иако пријателите мислеа дека нема да преживее.

Секс иконата Џони Деп откри дека од кога е роден ништо не гледа со левото око.

Славниот актер изјави дека со левото око е „слеп како лилјак “,а слабо гледа и со десното. Поради тоа морал секогаш да носи очила со затемнети стакла. „Се ми е многу ,многу матно . На едното око сум слеп , слабо гледам и со десното , никогаш сум немал нормален вид, таков сум од кога сум роден. Оваа моја болест на очите не може да се излегува“, изјави славниот актер.

Кога за потребите на некој филм Деп не носи очила, тогаш миленикот на женската публика истакнува дека гледа само на десетина сантиметри од себе .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top