Власта продолжува да ги прекршува уставните рамки анулирајќи го секуларното уредување на државата, вмешувајќи се во процесите на МПЦ-ОА како и наметнувајќи на неприродни решенија како барањето БПЦ да биде мајка црква на МПЦ-ОА, а согласно со т.н. договор за добрососедство кое го потпиша Заев на почетокот на неговото владеење.
Доказ за тоа е и вечерата помеѓу владиката Пимен и министерката за одбрана Радмила Шекеринска, од која се појавија фотографии на социјалните мрежи.
Како што дознава Република од извори од ресторанот, Пимен и Шекеринска си шепотеле за време на вечерата. Таа била позитивно изненадена од шармот на ова црковно лице. Пимен со духовност ѝ раскажувал за својата пасија – скапи автомобили, а таа пак го вртела муабетот на бунди и фстаци.
На крајот од вечерата, Шекеринска не издржа и ни позира. Забележавме дека се искварцала, ги блеснала забите, а и несекојдневно за неа – се нашминкала. Не се вечера со поп секој ден. Па уште и ако честел…
Дон Кихот
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
ВМРО-ДПМНЕ: Зоран Заев и Радмила Шекеринска не можат да бидат решение за проблемите во Република Македонија – тие се проблемот на оваа држава
-
Шекеринска: Амандманите никој нема да ги пишува зад затворени врати
-
Шекеринска потврди: МО ќе оддели милион евра за кампањата за референдумот
-
Тонч за Шекеринска од 2010: Да сакаше СДСМ досега 10 пати ќе го променевме името