Четири лица од Гостивар ќе добијат пријави бидејќи ги воделе кучињата без заштитни маски или ремен. Глобата за овој вид прекршок изнесува од 100 до 400 евра.
– Службеници од Полициската станица Гостивар, на неколку локации (кејот на реката Вардар, околните паркови и во училишните дворови) во Гостивар, вчера попладне спроведоа акциска контрола, со која биле опфатени десетина сопственици на кучиња, изјави Марјан Јосифоски – портпарол на СВР Тетово.
Дел од контролираните сопственици на кучиња биле предупредени за констатираните пропусти, а еден поради непоседување документи за лична идентификација.
Портпарлот Јосифовски најавува дека вакви или слични активности се планирани и наредните денови за да се отстранат сите пропусти и незаконитости кога станува збор за водење кучиња на јавни места.
Глобата за овој вид прекршок изнесува од 100 до 400 евра. Доколку, пак, кучето нападне, исплаши или повреди друго лице, предвидена е и кривична одговорност за неговиот сопственик, во зависност од вкупните околности и последици.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Црн петок, ама буквално: Дошле на шопинг во Сити мол, останале без возила!
-
Заев: Размислуваме за законска измена за справување со кучињата
-
Внимавајте каде се движите, скопската полиција денеска овде казнува несовесни пешаци (ФОТО)
-
Скопјани се жалат: Во Скопје има 8.000 бездомни кучиња, а летово бројката се зголеми за 700



