Продолжуваат протесите и на граѓаните кои се исклучени од системот со централно греење а и натаму плаќаат сметки.
Нивната иницијатива вчера беше по втор пат одбиена од Уставниот суд кој пресече дека тие мора да плаќаат за услугата која не ја добиваат. Претстевникот на овие граѓани, Марјан Ненов во изјава за Сител вели дека не се изненадени од одлуката на судот.
– Ја држиме за збор и новата влада околу ветувањата за тоа исклучените од мрежата да не плаќаат никанов надоместок. Сомнително е и тоа што од министертсвото за екомонија не бевме повикани на расправата и законот за енрегтика беше доцна објавен на нивната страна. Имаме чувство дека некој сака нешто набрзина да протне без да бидеме вклучени. Ние продолжуваме со протести секоја сабота се додека не биде речен нашиот долгогодишен проблем – вели Ненов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.