| четврток, 6 декември 2018 |

Чакаровски лиже каде што плукал – граѓаните се задоволни од „Мој термин“

Заменик-министерот за здравство Гоце Чакаровски се соочи со реалноста во Топ тема – најголем дел од граѓаните се задоволни од „Мој термин“, системот кој Чакаровски од опозиција жестоко го критикуваше

Во синоќешното издание на емисијата Топ тема, на Чокаровски му беа беа презентирани резултати од анкета за задоволство на граѓаните од системот МојТермин, според која најголем дел од испитаниците (22.3%) го оцениле овој систем со највисоката оцена 5.

Чакаровски, кој гостуваше во емисијата, беше потсетен од водителката дека во опозиција жестоко го критикуваше системот, кој откако дојде на власт не го укина и продолжи да функционира.

Во 2014 година Чакаровски како гласноговорник на СДС тврдеше дека проектот „Мој термин“ продуцира проблеми на штета на граѓаните.

Тогаш Чакаровски тврдеше дека МојТермин продуцира проблеми за граѓаните.

-Мој термин стана ничиј термин. Низ болничките ходници се создаваат редови на граѓани и лекари. – тврдеше тогаш Чакаровски.

Овие тврдења се директно демантирани од анкетата која покажа дека најголем дел од граѓаните се задоволни од системот МојТермин.

Во интервјуто, и самиот Чакаровски призна дека тројка е солидна оценка од граѓаните и знак дека здравството оди во нагорна насота.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top