| четврток, 6 декември 2018 |

Лазаров официјално промовиран во Барселона

kire lazarov

По речиси две недели од потпишувањето на договорот на Кире Лазаров со ракометниот гигант Барселона, се одржа промоција и прес-конференција со македонскиот леворак бомбардер.

На прес-конференцијата, освен Лазаров, присуствуваа и тренерот на Барселона, Хавиер Паскал, и спортскиот директор О’Калахан.

Нашиот репрезентативец ќе го носи дресот со бројот 77. Истиот број Кире го носеше и во неговиот поранешен клуб Атлетико Мадрид.

Покрај Лазаров, за Барселона потпиша и еден од најдобриоте бекови во историјата на ракометот, францускиот репрезентативец Никола Карабатиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top