Германскиот напаѓач, Сандро Вагнер денеска и официјално беше претставен како нов фудбалер на Баерн Минхен откако го комплетираше трансферот од редовите на Хофенхајм.
Голгетерот всушност се враќа во својот матичен клуб каде и ја почна кариерата. Тој е роден во Минхен и во овој тим ги направи првите чекори како аматер, но и како професионалец откако одигра четири натпревари за „баварците“. Нетипично за еден голгетер, но Вагнер го одбра дресот со број 2.
Тој би требало да биде замена за Роберт Левандовски во таборот на Баерн Минхен и повеќе од сигурно е дека ќе ја чека својата шанса од клупата, а со неговиот трансфер Баерн повторно соработуваше со Хофенфајм, од каде летово го купи централниот бек Николас Шуле.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.