| четврток, 6 декември 2018 |

Навивачите на Баерн М. со порака за цените на билетите: Ние не сме Нејмар (Фото)

На дербито на вечерта во второто коло од групната фаза во Лигата на шампионите тимот на ПСЖ како домаќин има значајна предност протв Баерн Минхен од 2-0. Стрелци за францускиот тим беа Дани Алвеш и Кавани, а уште пред почетокот на мечот вниманието го привлекоа гостинскатите навивачи со својот транспарент.

Тие порачаа „дека не се Нејмар“ за да плаќаат 75 евра за билет, изразувајќи го своето незадаволство за високите цени.

– 75 евра билет? Ние не сме Нејмар, цените мора да бидат разумни!“, стоеше на банерите кои ги истакнаа гостинските навивачи на „паркот на принцовите“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top