Во рамки на второто коло од Б групата во Лигата на шампионите, во дербито на вечерта, тимот на ПСЖ убедливо го совлада Баерн Минхен со 3-0. Домаќините остварија солидна предност уште во првиот дел кога преку Дани Алвеш и Кавани стигнаа до 2-0, резултат со кој се отиде на полувреме.
Тимот на Анчелоти, кој веќе е на мета на критичарите заради слабите игри на германскиот шампион, немаше одговор ниту во второто полувреме, па по една лоша интервенција и грешка на одбраната, Нејмар успеа да го постигне третиот гол за ПСЖ и да го постави конечниот резултат, 3-0.
Во истата група екипата на Селтик го совлада тимот на Андерлехт со 0-3 на гостински терен. По две кола, во оваа група Б, само ПСЖ има максимален ефект од 6 бода, Баерн М. и Селтик имаат по три, а Андерлехт е без бодовои.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.