| четврток, 6 декември 2018 |

Ја напаѓал и порано – Тамара одамна сакала да се разведе, но се се закомплицирало поради пари

-Уште пред да се венчаат, Тамара зборуваше дека Душко ја малтретира, но беше заљубена, не придаваше на тоа големо значење и еве до кај дојде – вака за Блиц раскажала познаничка на Тамара Родиќ (37), воспитувачка и директорка на предшколската установа Сурчин, која сопругот Душко Родиќ (37) се обиде да ја убие на улица пред два дена.

 

Како што се пишуваше, Тамара и Душко биле пред развод последната година, а работите дополнително се закомплицирале кога почнале да се караат на кого ќе му припадне имотот.

-Тој е богат, а таа до пред едена година работеше какао воспитувачка и имаше ниска плата. Дури сега стана директорка на грaдинката. Се караа околу парите, а сега кога требаше да се разведат, не можеа околу ништо мирно да се договорат – рекла познаничката која сакала да остане анонимна.

Иако делувале како складен пар и како што велат соседите, од станот никогаш не можела да се слушне кавга, а камоли насилство во семејството, познаниците раскажуваат дека обидот за убиство не е прв напад на сопругата.

-Се сеќавам кога се запознаа. Почнаа да се забавуваат, а тој имаше љубоморни испади. Се жалеше дека е љубоморен и знае да избувне, мислам дека рече и дека ја удрил. Зошто му простувала? Па зошто го сакаше и мислеше дека ќе се промени – рекла познаничката блиска на парот.

Како што додава, тие двајцата долго се во брак и ја имаат ќерката која има 8 години. Се ускладиле и таа мислела дека се променил, но тоа не се случило.

-Решија дека треба да стават точка и да се разведта, бидејќи вака веќе не можат – додава таа.

Наместо мирен развод, Душко пред два дена на сред улица пукал во сопругата, а потоа во себеси. По некое чудо и двајцата преживеаја.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top