Министерството за одбрана ќе започне постапка за раскинување на договорот со „Пуцко петрол“ за снабдување со мазут, соопшти Министерството за одбрана. Оваа одлука била донесена откако Регулаторната комисија испратила информација до МО дека компанијата нема право да врши набавка на овој нафтен дериват.
Само еден ден претходно порталот МКД.мк објави дека набавката на мазут за МО ќе ја врши фирма без лиценца за трговија со нафта. „Пуцко петрол“ го добила тендерот во јуни годинава. На денешката прес-конференција Радмила Шекеринска нагласи дека Министерството ќе постапи во согласност со одговорот на Регулаторната комисија, но остана нејасно дали некој ќе понесе одговорност за „преводот“ на МО.
–Веќе побаравме од Регулаторната комисија, единственото задолжено тело да ја следи оваа политика, дали компанијата која победи на електронската аукција има дозвола да работи со мазут или не. Ќе постапиме така како што ќе извести Регулаторната комисија. Досега еден денар не е исплатен врз основа на овој договор. Тој е потпишан за Министерството да врати стар долг на мазут во државните резерви“, рече Шекеринска.
Критериум за избор на најповолната понуда на овој тендер била најнискатаа цена, одговориле од МО.
„На 14 јуни годинава објавен е оглас на МО за доделување на јавна набавка на мазут, делива набавка од 7 дела од кои 6 дела по гарнизони и 1 дел за враќање на позајмица на Дирекција за задолжителни резерви на нафта и нафтени деривати. Критериуми за учество во постапката кои треба да ги исполнат економските оператори се исклучиво задолжителните согласно Законот за јавни набавки“, велат од Министерството за одбрана.
На прес-конференцијата Шекеринска истакна дека за овој проблем станало збор и на седница на Владата, со што во измените на Законот за енергетика, Регулаторната комисија ќе има обврска јасно во насловот на Лиценцата што таа ја издава да наведе за кои нафтени деривати се однесува Лиценцата со што ќе се оневозможи фирмите да нудат услуга за која немаат право.
–Лиценците кои ги издава Регулаторната комисија имаат ист наслов и гласат на сите нафтени деривати. Кога ќе прочитате во лиценцата вид и обем, исто така се наведени сите деривати. Практично ова се документи кои што многу институции ги доведуваат во заблуда дека одредена фирма може да тргува со одреден дериват иако тоа реално не е така, рече министерката.
Откако медиумите објавија дека Трауматологија објавила оглас за набавка на автомобил во вредност од 35.000 евра за директорот на клиниката, беше пониште огласот уште истиот ден. Ова остава простор за сомнеж дека Владата на Заев наместо да ги следи законите и етиката, постапува по принципот „ако пројде, пројде“. Се што нема да забележат медиумите, ќе биде спроведено иако не е во согласност со законите, како тендерот на МО и етиката – автомобилот на директорот чија клиника се распаѓа.
Поништен огласот за автомобил од 35.000 евра на Клиниката за трауматологија
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)