| четврток, 6 декември 2018 |

Само се срушила – Ана Николиќ колабирала на проба!

Пејачката Ана Николиќ колабирала на проба, додека ја подготвувала точката за повратничкиот новогодишен настап, а нејзините најблиски соработници не можеле да ја повратат неколку минути. Ана се срушила во салата додека ја вежбала точката, затоа што била исцрпена од диета и физички напор.

–  Додека се обидувала да изведе едно комплицирано движење, само паднала и останала да лежи без свест. Во студиото настанала паника. Ја полевале со вода, ја повикувале, ја шамарале, но таа не доаѓала при свест- тврди извор и додава дека соработниците веднаш повикале доктор.

-И ги направија на Ана сите испитувања и и дадоа инфузија, како би закрепнала. Докторката рекла дека се префорсирала и дека треба малку да забави – рекол изворот.

 

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top