| четврток, 6 декември 2018 |

Јунакот што најде чаре за Нејмар и му ја „скрши“ кичмата (видео)

Шон Гарние е релативно непознат уметник за мал фудбал, кој ја презентира својата магија на улица, а му „зеде“ мерка и на славниот бразилски ас Нејмар. Видеото е малку постаро од времето кога Нејмар играше за Сантош, но секогаш е атрактивно да се види како Давид го победува Голијат. И тоа на спектакуларен начин со невидена финта која го збуни големиот ас и опасен дриблер Нејмар. Топката е под дресот, а Нејмар ја бара на спротивната страна. Или со спортски речник вистинско „кршење“ кичма.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top