| четврток, 6 декември 2018 |

Загина диџеј откако сцената се сруши врз него (видео)

Диџеј Калеб Фрејтас загина на фестивалот Atmosphere во Порто Алегро, Португалија за време на настап, кога сцената се сруши врз него. Веднаш по инцидентот 30-годишниот диџеј бил префрлен во болница, но поради тешките повреди на главата починал набрзо потоа.

Причината за рушењето на сцената најверојатно е силниот ветер што дувал за време на настапот на Диџеј Калеб.

„Најважна ни е безбедноста на посетителите и да ги следиме сите постапки, пријави и одобрувања што ги бараат локалните служби. Ќе ја информираме нашата публика за сите наши постапки по инциентот и ќе ја споделиме вистината за тоа што точно се случи. Скршени сме, изгубивме пријател и уметник. Приоритет ни е да им помогнеме на повредените и нивните семејства. Им благодариме на војската и противпожарната служба за нивната помош“, рекоа организаторите на фестивалот.

Видеоснимката од трагичниот инцидент што ја направија посетители на фестивалот за кратко време стана вирална на социјалните мрежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top