Учесник на шпанскиот квиз „Ahora Caigo“ веројатно додека одговараше на прашањата не мислеше дека одговорот на прашањето можеше да го најде на својата маица.
Прашањето на кое требаше да одговори беше: „Што е Стив Роџерс во филмот „Одмаздници“? Доктор, господин или капетан. Алберто одговори дека Роџерс во филмот бил доктор во моментот кога водителот сфаќа дека на маицата на натпреварувачот пишува „Капетан Америка“.
„Ги носиме тие маици, а не ни знаеме што носиме“, прокоментира водителот.
Големо внимание натпреварувачот привлече не само со погрешниот одговор, туку и што реши девојката да ја запроси на квизот, додека таа го гледаше од дома.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)