Емир Хаџихафизбеговиќ и Тарик Филиповиќ ќе бидат главни ѕвезди на новата серија „Хилмијин конак“, чие снимање почнува во Сараево кон крајот на февруари, објавуваат медиумите во Босна и Херцеговина.
Серијата ќе биде алегорија на популарната серија „Ало, ало!“, во која Хаџихафизбеговиќ ќе биде босанскиот Рене.
Се работи за хумористичен проект на сценаристот Феџа Исовиќ и режисерот Елмир Јукиќ, а дејството во серијата е сместено во Втората светска војна.
Продукцијата наводно била во преговори со актери од целиот регион, зашто ќе изобилувала со разни дијалекти од поранешна Југославија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.