| четврток, 6 декември 2018 |

Иран ги затвори училиштата поради загадениот воздух – биле регистрирани 185 микрограми фини честички на метар кубен

Иранските власти привремено затворија многу училишта и ги одложија спортските настани поради опасно загадениот воздух во земјата.
Така, сите училишта лоцирани во главниот град Техеран, дом на 14 милиони луѓе, ќе останат затворени в понеделник, а спортските настани закажани за истиот ден се одложени.

Воведени се и ограничувања за сообраќајот во главниот град, вклучувајќи и забрана за сообраќај на камиони.
Во воздухот во главниот град биле регистрирани 185 микрограми фини честички на метар кубен.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top