Јапонските самураи беа храбри, одиграа одлично против 4-кратниот светски првак Италија, но сепак загубија со 3-4 во меч од втората рунда на Купот на конфедерации во Бразил.
Во возбудлив меч со многу пресврти Јапонците по две грешки на судијата Диего Абал од Аргентина, поведоа со 2-0 во првиот дел. Најпрво беше досуден пенал, кој не постоеше, а Хонда беше прецизен за 1-0. Потоа Кагава беше во офсајд позиција, Абал и неговите помошници не реагираа, по што играчот на Манчестер јунајтед по вторпат го совлада Буфон, за убедливи 2-0. Италија со 3 гола направи пресврт и по еден час игра водеше со 3-2. Стрелци беа Де Роси, Учида со автогол и Балотели од пенал.
Јапонија притисна, бидејќи им одговараше само победа и преку одличниот Оказаки израмни на 3-3. Самураите се разлетаа по теренот, комплетно го надиграа фаворитот, но не можеа да го најдат патот кон мрежата, иако неколкупати ја погодуваа рамката на голот на Буфон. Казната стаса во финишот кога Џовинко со голот првенец за националниот состав и донесе победа на Италија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Демографска катастрофа ѝ се заканува на Италија, стана втора најстара држава во светот