| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран Ивановски од СДСМ Битола: Врие во штабот на СДСМ, по улиците, членството е незадоволно и извисено

Кандидатот за пратеник на СДСМ од дијаспората Зоран Ивановски во својот Фејсбук пост вели дека врие во партискиот штаб на СДСМ.

Зоран Ивановски кој е по потекло од Битола вели дека членството на СДСМ од неговиот роден град е незадоволно и тоа можело да се види по улиците, кафеаните и партиските штабови.

„Врие Битола во партискиот штаб, по улици, по кафеани, членството незадоволно, извисено.“

Понатаму тој во својот статус пишува дека Битола ја донела победата на СДСМ иако немаше ниту еден пратеник од дијаспората.

„Да ве потсетам само Битола ви ја донесе победата и фактот дека немаше ни еден пратеник од дијаспората“.

Скандал во СДСМ Кичево, пријава до полицијата за сопартијците, Матевска обвинува: Гнилоста што ја имаме во партијата доведува да бидеме таргет на некои криминални групи

Катерина Матевска, активен член и активист на СДСМ, на седми  декември објави дека ќе се кандидира за претседател на локалниот огранок на партијата во Кичево. Оваа нејзина одлука сепак не беше дочекана најдобро од некои луѓе.

-Почитувани пријатели, сакам да Ве известам дека влегов во трката за претседател на ОО СДСМ Кичево. Верувам во вредностите. Со среќа нека е!, напиша Матеска на Фејсбук.

Покрај честитките и желби за успех, кои ги има во голем број, сепак има и коментари кои директно или суптилно упатуваат на нејзино повлекување од оваа трка. А сиот тој говор придружен со навреди, клевети, вулгарности, па и закани, не доаѓа од членови и активисти на ВМРО-ДПМНЕ, туку од внатрешните редови на СДСМ.

-Пријавив во полиција за навреди, омаловажување, говор на омраза на социјалните мрежи против мене. Најверојатно се работи за најмени луѓе по налог на некого од Кичево за да ме исфрлат од игра за претседател на општинската организација на СДСМ во Кичево. Ниту е платена функција, ниту е нешто посебно, освен за организациски развој на СДСМ на општинско ниво, ама ете внатрешното гнило крило на партијата, што соработуваше долги години со режимот на штета на партијата и на цела држава, вклучи машинерија за ширење на клевети, навреди, закани… – изјави Матевска за ЦИВИЛ Медиа.

Говорот на омраза, жестокиот и вулгарен напад на Матевска не го поштеди ни нејзиното семејство. „Целта е да ме згазат целосно, за да не профункционира ОО СДСМ во Кичево. Јас сум член на СДСМ, ама гнилоста што ја имаме во партијата, доведува да бидеме таргет на некои криминални групи“ – додава Матевска во изјавата за ЦИВИЛ Медиа.

Инаку, Матеска која обвинува дека гнилоста во нејзината партија ја доведува СДСМ да биде таргет на некои криминални групи, е долгогодишен член и активист на партијата, што може да се види и по нејзините фотографии на социјалните мрежи.

Милчин: Откако ќе ги изеде своите деца, револуцијата ќе се изеде себеси

Откако ќе ги изеде своите деца, револуцијата ќе се изеде себеси, напиша вчера вечер на својот Фејсбук профил поранешниот директор на Сорос фондацијата во Македонија, Владимир Милчин.

Во друг пост, Милчин се прашува дали Заев ќе му каже на Ахмети да престане со шверцувањето геноцид во држава која не постоела.

-Нека побара извинување од државите кои владееле на територијата на РМ. Ги преќекори сите граници!, пишува Милчин.

На горенашишаното со свој коментар се јави Бранко Героски, уредник на порталот Плусинфо и весникот Слободен печат.

-Не, сега децата ќе ја изедат револуцијата, напиша Героски.

Душко Млекарот, пуленот на СДСМ: Ленче Николовска се слика додека фармерите страдаат

Душан Илиевски, познат како Душко Млекарот кој во иминатите години постојано одработуваше за СДСМ како лидер на земјоделците а во исто време е член на партијата, на социјалните мрежи жестоко удри кон партиските функционери за ситуацијата во фармерскиот сектор.

Николовски напиша дека додека функционерите на СДСМ се сликаат по некои мини млекари, цената на килограм млеко е се пониска а во исто време трошоците се зголемуваат. Фармерот алудираше и на се помалиот сточен фонд кој го има во Пелагонија благодарение на лошите политики на Владата.

Душко млекарот со нови обвинувања: Кирацовски спречува легални избори на синдикатот во РЕК, Ковачевски си купи магистерска диплома

Душан Илиевски познат и како Душко млекарот од Битола, активист на СДСМ упати сериозни обвинувања до неговиот сограѓанин, генералниот секретар на СДСМ Александар Кирацовски.

На социјалните мрежи Душко млекарот за Кирацовски напиша дека се обидува да спречи легални избори на синдикатот во РЕК Битола со цел на чело на синдикатот да постави човек кој е негов послушник.

Илиевски додава и дека поради написите против генералниот секретар на СДСМ, истиот му се реванширал со тоа што го повлекол адвокатот кој му го доделил СДСМ за да го брани поради неговото учество во немирите на шарената платеничка „револуција“, односно за напад на службено лице.

Покрај Кирацовски, Душан Илиевски „Млекарот“ ги обвинува и другите негови сопартијци од Битола за кои тврди дека има докази за незаконски постапки. Па така на мета на „Млекарот“ се најде и Васко Ковачевски, пратеник и претседател на битолскиот огранок на СДСМ. Него Илиевски го обвинува за купена диплома во незаконска постапка.

Распад на СДСМ Струмица: Кадровска војна меѓу советниците на СДСМ, обвинувања за бизниси, алчност, лакомост, егоизам, мизерен карактер и препорака за дијазепами

Љубинка Вета и Наќе Гогов, двајцата советници од СДСМ во Советот на општина Сттрумица отворија војна на социјалните мрежи, со обвинувања за бизниси, алчност, лакомост, егоизам, мизерен карактер и препорака за дијазепами, пишува порталот Денешен.

-Еднаш неправедно матичната партија СДСМ го разреши од директор на тогашниот Медицински центар во Струмица, во моментот кога тогашниот министер за здравство, планираше да го прогласи за најуспешен менаџер. Сега не го разрешивте, се разбира, зошто требаше да назначите директор на ЈЗУ Општа болница Струмица, а тој беше во трка со колегата Др Наке Гогов, Многу размислуваше пред да каже дали би сакал повторно да биде кандидат, зошто тој лесно не носи одлуки, ама ако донесе, таа е поткрепена и со план и стратегија за понатамошно дејствување за да ги постави работите како што тој умее – под конец. Одговорноста и посветеноста се негови најголеми доблести. Сте побарале од Здравствената комисја во Скопје двајца кандидати, тој, мојот брат на 57 години-специјалист анестизиолог, мислам и примариус и Др Наке Гогов -специјалист невролог, кој за некој месец ќе прави 64 години. По вашите критериуми, кадровици од мојата партија, како што најавивте сте избрале најстручни и најспособни директори…а, изборот падна на Др Наке Гогов кој ми е од браншата и со кој сум заедно во Советот на Општина Струмица, пишува Вета.

На ваквиот статус на Вета реагираше Миле Гогов, син на новиот директор на болницата Наќе Гогов.

-Навидум си културна, навидум ти не навредуваш, а ти кажуваш дека одлуката паднала на ,,неспособниот,, Д-р Наќе Гогов.Епа вака да расчистиме едно. Ти бааги време имаш раскрстено со докторството.Мојот татко одлучи да биде доктор, а ти бизнисмен или бизнис-woman, на што не ти е таа лоша варијанта.Имаш заборавено дека мојот татко ти има помогнато додека ти работеше приватно до многу скоро. Имам слушнато за многу доктори пофални зборови, некои критики. Ама за тебе освен некаковото лигавење по фб, НЕ СУМ ВИДЕЛ НИТУ СЛУШНАЛ НЕКАКВА СИ ДИЈАГНОЗА , ЛИЧНО ОД ТЕБЕ,НЕКАКВО ЛЕКУВАЊЕ НА ГЛАВОБОЛКА,ВРТОГЛАВИЦА, РАЗРЕШЕН СЛУЧАЈ, пишува Гогов меѓу другото.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top