| четврток, 6 декември 2018 |

Подготовките за мјузиклот „Мама миа“ во полн ек (фото)

Подготовките за лиценцираниот мјузикл „Мама миа“ чија премиера е во Македонскиот народен театар (МНТ) идната недела, на 24 декември се при крај. Режисер на мјузиклот е Наташа Поплавска, која го режираше и првиот лиценциран мјузикл кај нас „Чикаго“.

Проектот се реализира во копродукција помеѓу МНТ и Prospot d.o.o./Presented by Arrangement with Music Theatre International/Europe.

Преку хитовите на АББА се раскажува комичната приказна за тинејџерка која е во потрага по нејзиниот вистински татко на еден грчки островски рај.

Носечката улога на Софи Шеридан, девојката која е пред мажење и која е во потрага по нејзиниот прав татко, ја реализира младата актерка Нина Деан. Нејзината мајка Дона Шеридан ќе ја игра актерката Биљана Драгичевиќ – Пројковска, најдобрите пријателки на Дона ги играат актерките Арна Шијак, Тања Кочовска, додека улогите на татковците Сем, Бил и Хари ќе ги играат актерите: Кире Ѓоревски, Трајче Ѓоргиев и Владимир Јачев, а Никола Наковски ќе ја игра улогата на Скај, вереникот на Софи.

Во поделбата на актерската екипа се и: Александра Павлова, Билјана Јовановска, Стефан Спасов, Александар Михајловски и Борјан Тетиев. Учествуваат и голем број на танчери и хористи, како и бенд во живо.

Препевот и преводот на текстот од англиски на македонски е на Тина Трпкоска, диригент е Бисера Чадловска, кореограф: Олга Панго, асистент на кореогарфот е Ирена Лозинска, сценографијата е на Александар Дениќ, костимограф е Роза Трајческа – Ристовска, инструктори за пеење и вокал се Ана Костадиновска и Сара Николовска, извршен продуцент: Симона Угриновска, прво пијано и корепетитор на солисти и хорски ансамбл: Билјана Петровска, дизајн и маркетинг супервизор: Емил Петров, инспициенти: Вукица Александрова.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top