Барселона и аргентинската ѕвезда Лионел Меси помогнаа за сонот на 18 годишна девојка од Сирија да стане реалност.
На Твитер профилот нa каталонскиот клуб објавено е видео на кое Нујен Мустафа, страстен навивач на Барселона и голем обожавател на Лионел Меси, се запознава со екипата на Барса.
Нујен е родена во Халеп, но ивеела во Кобане кога започнала војната во Сирија. Боледува од церебрална парализа. ТНујен Мустафа е девојката која дваесет дена патуваше до Хрватска во инвалидска количка во септември 2015 година. Денес живее во Келн во Германија.

Својата животна приказна ѝ била ипспирација на британската новинарка Кристина Ламб да напише книга, а книгата, пак, го сверте вниманието на светската јавност кон оваа несреќна девојка. Така приказната за Нујен стигнува и до ФК Барселона и до играчите на овој клуб, кои решаваат да ја усреќат бегалката од Сирија.
Со клупскиот автобус на Барселона Нујен заминала за Шпанија на натпреварот меѓу Барселона и Селта Виго, а оттаму си заминува со подарок доби дрес со нејзиното име.
По завршувањето на натпреварот се запознала со Лионел Меси, Андрес Иниеста, Луис Суарез и Жерар Пике.
Everyone has a Christmas wish.
We helped Nujeen’s come true! #SharingDreams pic.twitter.com/Z3eTR3nRH2— FC Barcelona (@FCBarcelona) December 14, 2017
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


