
Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, пред изборите ветуваше итно решавање на проблемот со загадувањето во Скопје.
-Како градоначалник на Скопје уште од првиот ден ќе започнам сериозен концепт и ќе преземам сериозни мерки, кои ќе придонесат за ослободување на градот од енормното загадување, порача Петре Шилегов, кога беше кандидатот за градоначалник на Град Скопје од СДСМ и Коалицијата.
Но, откако стана градоначалник на Скопје, нема ни трага ни глас од сериозниот концепт и преземаните мерки. Сега Шилегов бара идеји од граѓаните како да го реши проблемот со загадувањето.
Тој денеска ги покани граѓаните да ги споделат своите одржливи идеи, искуства и сознанија за решавање на проблемот со загадувањето на воздухот, информираат преку соопштение од Град Скопје.
Средбата со граѓаните е закажана за во понеделник (18 декември) од 12 и 30 до 14 часот, во Салата на Советот на Град Скопје
-Ги поканувам сите мои сограѓани кои имаат одржливи идеи за решавање на проблемот со аерозагадувањето да дојдат во понеделник и со мене и со моите соработници да ги разгледаме тие идеи и можностите тие да се спроведат на дело. Заедно со граѓаните, да се обидеме полесно и побрзо да дојдеме до посакуваното решение за овој долгогодишен проблем, вели градоначалникот Шилегов, со изјава контрадикторна на онаа на кандидатот Шилегов кој ветуваше сериозен концепт и сериозни мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шилегов: Свесен сум дека станав таргет за потсмев, но мора да ја поставиме целта па да одиме понатаму
-
Шилегов: Влегувањето на Скопје во втората фаза за најзелена престолнина на Европа е знак дека сме на добар пат!
-
Шилегов ја откажал посетата во Будимпешта
-
Шилегов дозволил плаќање на рати на комуналиите за зградата кај „Мајчин дом“


