| четврток, 6 декември 2018 |

ДНК одредува дали сте утрински или ноќен тип на човек

Лицата кои наутро тешко стануваат се „ноќен тип на човек“, а причината за постоење на ноќни и утрински групи е во ДНК, тврдат научниците.

Оние кои се будат секое утро како да спиеле на погрешната страна на креветот и без разлика на квалитетот на сон, тешко стануваат, сега може да дознаат зошто е тоа така.

Според британските генетичари – виновна е ДНК.

Научниците од Универзитетот во Лечестер анализирале 80 различни гени одговорни за дневниот биоритам на винските мушички кои имаат 60 отсто човечки гени.

Резултатите објавени во списанието „Граници на неурологијата“ покажуваат дека мушичките може да се поделат во две категории – оние кои рано излегуваат од своите јајца и оние кои излегуваат навечер.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top